Зимски модни комбинации за секој ден од неделата

Во зима сакаме да ни биде топло, да ни биде удобно, ама и да изгледаме убаво. Иако изгледа едноставно, тешко е да направиме идеална зимска комбинација која ги исполнува сите критериуми. Сепак, пробајте да комбинирате од облеката што ја имате во плакарот и да изгледате поинакво секој ден во неделата.

Понеделник

За понеделник избираме црна ролка, удобни фармерки и капут! Оваа тренди-комбинација можете да ја комбинирате со рамни чевли.

Вторник

Вторникот е резервиран за најпопуларните панталони оваа сезона – кожени! Можете да ги комбинирате со бела топла ролка и мек теди-капут или бунда.

Среда

Среда е ден за поелегантни комбинации. Комбинирајте долги чизми со зимски фустан и мек шал.

Четврток

За четврток избираме поопуштени варијанти. Своите „канаѓанки“ комбинирајте ги со црни хеланки, долга кошула, шал и капа.

Петок

Петокот е ден кога сакаме да ги завршиме сите работни обврски и одиме на пијалак со другарките. Освежете го изгледот со ведри бои!

Сабота

Дури и ако не излегувате на некое посебно место за викендот, важно е да се средите од глава до петици. Нека ваш избор биде зимски комплет, кој е идеален за ладни денови.

Недела

Недела е ден за опуштање, омилени филмови и одмор. Искористете ја неделата на вистински начин – нека ви биде удобно и топло.

Scroll to Top