„Педофилот нема професија, како и изопачената потребата сексуално да се задоволи“ – Весна Бејби, која минуваше слична драма, со поддршка за Милена

Деновиве јавноста беше згрозена од скандалот во Србија во кој младата актерка Милена Радуловиќ го обвини својот професор по глума Мирослав (Мика) Алексиќ за силување.

Голем број јавни лица застанаа зад младата актерка и ѝ дадоа поддршка. Меѓу нив беше и актерката Весна Петрушевска – Бејби, која пред неколку години се соочи со слична животна драма кога во јавноста сподели за хоророт што го доживеала ќерка ѝ.

Весна напиша дека Милена направила храбар чекор и дека секоја жртва има право да одлучи кога ќе сака да каже за траумите што ги доживеала. Во никој случај не смее да има кормпромис за предаторите, напиша Петрушевска.

„Доста со глупавите прашања зошто сега? Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже. Милена има 26 години и е одлучна глумица и општествено одговорна личност, а нејзината приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. Не смее да има компромис за предаторите, без разлика дали тој бил учител по глума или која било друга професија. Педофилот нема професија (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или која било друга професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар и малата помисла на нивните жртви, кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките. Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се). Ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност. Браво за Милена и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Нè пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови“, напиша Петрушевска.

Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

 

 

 

 

Scroll to Top