Александар Темелков пееше за иселениците во Канада, ѕвездата на „Гранд“ ја заврши својата прва турнеја

Поранешната ѕвезда на „Гранд“, Александар Темелков, ја имаше првата турнеја во Канада. Тој за новогодишните празници пееше во Торонто и вели дека е презадоволен од настапите. Во Торонто остварил голем број познанства, а ги посетил и водопадите на Нијагара, огромниот аквариум „Рипли“ и други туристички атракции.

„Ова е мојата прва турнеја во Торонто во Канада. Бев поканет од Управата на Црквата Свети Климент Охридски од Торонто, на чело со претседателот Владе Димитриевски. За Нова година и Божик настапив во Црквата свети Климент Охридски во Торонто, со групата „Балкан ентертејмент“. Настапив со некои од моите авторски песни, но пеев и некои традиционални македонски песни. За Василица настапив и во црквата Фаунтин. Задоволен сум од тоа како поминаа сите свирки. Имаше голем број Македонци кои се забавуваа“, ни рече Темелков.

Наскоро планира и да го објави првиот албум, а веќе работи и на снимање на новите песни за вториот. Иако најмногу е познат по неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, Темелков ни рече дека во иднина не планира да настапува во музички шоуа и дека сака да работи на кариерата. Досега има напишано 10 песни.

 

Scroll to Top