Единствената ќерка ѝ била миленичка на Есма

Есма Реџепова која почина минатата година, немаше свои биолошки деца, но беше мајка на 47 синови и на само една ќерка, Елеонора Мустафовска. Таа сите деца ги посвоила во период од околу педесет години, а ќерката Елеонора, за која во една прилика рекла дека ѝ е миленичка, ја посвоила пред 6 години.

Запрашана за Елеонора, кралицата на ромската музика рекла дека се сложуваат одлично.

„Токму како мајка и ќерка. Сфатив дека е убаво да се има женско крај себе. Елеонора студираше во Скопје, а следната година ќе дипломира и соло пеење. Веќе три години е член на бендот на Есма, кој ме следи во моите настапи“, рекла Есма кусо пред смртта.

Scroll to Top