(Фото) Гога ги вапса јајцата

Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска -Давкова,  утрово пред изгресонце ги вапса првите три црвени јајца. Таа фотографијата ја објави и на својот фејсбук профил, а уште вчера во интервју за „Репортер“ раскажа како во нејзиното семејство се чека Велигден.

„На времето се собиравме сите во Влае, и тоа беше фамилијарно вапсање , со белка од јајце и листови. Па се натпреварувавме која подобро ќе го направи тоа. Сите жени од фамилијата.  Секако дека и годинава ќе вапсам, ќе одам  пред црква, но ќе има и велигденск трпеза“, откри Давкова за „Репортер“.

Носев мини кога го освоив бунтовникот Благоја – Приватно со Гордана Сиљановска-Давкова

Scroll to Top