Кафе-муабет со Ксенија Николова: Животот е прекрасен, расчистив со токсичните мисли

Денот ми почнува отворање очи, чувство на благодарност, туш и целосна рутина за нега на кожата и косата, витамини и суплементи, позитивни мисли и нови предизвици. Секој ден се трудам да најдам нова мотивација.

Своето утринско кафе го пијам со моите колеги на работа, а обожавам да пијам лесно кафе, со млеко и шеќер. Кафето ме асоцира на разговор и неговиот мирис ми создава некое убаво чувство. Сепак, не претерувам со кафе, внимавам кое го пијам бидејќи имам висок притисок.

Секој ден ме води позитивната мисла дека животот е прекрасен и сосема едноставен во многу погледи. А откако тоа го сфатив, секогаш успевам да најдам мотивација. Сето тоа произлегува од мене самата, секако имам и моменти кога паѓам, но најважно е што успевам да станам и да продолжам понатаму, бидејќи одамна расчистив со токсичните мисли и постојаната потреба да се жалам. Благодарна сум, а тоа секогаш е добра идеја.

Кафе муабет со Ксенија Николова, писателка

Scroll to Top