Тодоров на скијање

Поранешниот министер за здраство Никола Тодоров од ВМРО е на зимување. Тој заедно со неговиот другар од детството, Сашо Лазаров, кој беше заменик министер, објавија фотографија  на социјалните мрежи, дека се на скијање. Во слични ски јакни, двајцата другари, се заедно со своите семејста, Нино со сопругата Сашка, а Сашо пак со сопруата Тина, и нивините деца.

Во времето кога беше министер, ретко кога можеше да се види сејмена фотографија, или пак опуштена, како оваа од скијање. Тодоров, пред неколку месеци за „Репортер“ изјави дека одкако се повлече од функцијата, ќе има повеќе време за семејството, и да и се посвети на адвокатурата. Тој и свечено пред извесно време ја отвори својата адвокатска канцеларија. (А.Г.)

Scroll to Top