(Гелрија) Бети елегантна за филмот на медената Атиџе

Стево Пендаровски (56)  организираше специјално прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја“ во Сули ан во Скопје. Тој и неговата сопруга Елизабета (47)  од првиот ред го проследија филмот, кој е македонски кандидат за Оскар. Тие сеа покрај Атиџе Муратова, која ја има главната улога во филмот.

„Филмот „Медена земја“ не е филм за мед и не носи слатка порака. Таа е освестувачка и бара да размислиме како се однесуваме кон животната средина, како влијаеме на балансот кој го прави природата и колку на сметка на конзумеристичкото однесување често забораваме дека земјата е нашиот прастар родител, колку ние ќе се грижиме за неа, така таа ќе ни врати назад“, напиша Пендаровски.

Откао се појавија фотографиите на официјалниот Фесјбук профил на претседателот Пендаровски, многумена коментираа за нив дека се одлична двојка, но и дека сопругата Бети, била едноставна , но елегантна за  прокцијата на филмот.

Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на земјините ресурси.

Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а продуцент е Атанас Георгиев.

Scroll to Top