Барокот во Скопје е траума за мене

By

Поп дивата Маја Оџаклиевска беше специјална гостинка на „Златна Бубамара“ на популарноста и ја доби наградата за трајни вредности. Маја деновиве престојуваше во Скопје . Таа по само неколку дена се вртаи за Белград, Србија, каде што живее и работи од 1970 година. Вели дека во родниот град не била подолг период, но се уште имала трауми од она што го видела пред пет години, променетиот изглед на Скопје, барокт и споменици.

„Во текот на оваа посета не успеав да видам ништо во Скопје поради обврски. Но, околу моите импресии од ,,баркот’’ и новиот изглед на градот, ќе ви кажам дека се уште носам трауми од она што ми остана во сеќавање пред пет години , вели Маја Оџакилевска за ,,Фокус’’.

За наградата на Бубамара вели дека и е голема чест што ја добила и како е воодушевена од настанот и неговата организација.

„Извонредна манифестација, која докажува дека можат да се вреднуваат вистинските уметнички вредности со помош на труд и добра сценариска обработка. Се заблагодарувам на целата екипа на Бубамара, а посебно на Ранко Петровиќ, за целиот напор, за одржувањето на настанот без никакви проблеми, со еден лесен и утврден тек, вели таа.

Ќе ви се допадне