„Батка, книгава иде уз секоја гардероба“, вели Миле за новото четиво од Тошо

Васко Тодоров, еден од најпознатите хумoристични телевизиски ликови, му ја подари својата книга „Монологија“ на Бранко Огњеновски. Тие освен што се знаат од средно училиште, речиси 25 години заедно снимаа скечеви со „К-15“, a сега се заедно во „Фчерашни“.

„Батка ми посвети примерок од неговата книга ‘Монологија’. Одлично четиво, задолжително за секоја урбана библиотека, иде уз секоја гардероба. Ја има во Литература.мк“, напиша Бранко на „Фејсбук“. 

Претходно Васко ѝ подари книга и на неговата колешка од „Фчерашни“, Јована, која напиша дека конечно може Тошо Малерот освен во срцата да си го има и на полица.

Тошо Малерот неодамна за „Репортер“ првпат прозборе за книгата што ја пишува. Тогаш ни откри дека книгата ќе ги содржи неговите најпознати монолози снимени со „К-15“, но и скечеви кои досега не се прикажале на телевизија.

„Убаво е во Австралија, ама мојот живот е тука“, искрено со Васко Тодоров

 

Scroll to Top