Бени Шакири ги пцеше судиите

Пејачот Арбен Шакири, гневен од победата на „Реал Мадрид“ над „Баерн Минхен“ во полуфиналето во Лигата на шампионите, на „Фејсбук“ напиша статус, во кој вели:

„Тројца судии, 86 камери, 98.000 мобилни и на мајка ви амџикот сателитски и не беше пенал, а? А бе, јас што не следам фудбал видов дека имаше пенал!!!“, напишал Бени на „Фејсбук“.

„Реал Мадрид“ веќе неколку меча по ред во елитното фудбалско натпреварување ги добива натпреварите, но, според многумина фудбалски експерти и фанови, големиот број судиски грешки се причина за успехот на кралевите.

Овој пат во главната улога се најде левиот бек на кралскиот клуб, Марсело, кој во својот шеснаесетник играше со рака, нешто што главниот судија не го забележа.

 

Scroll to Top