Битолчанецот Димче Стојановски со скијање го прослави својот 88-ми роденден

Димче Стојановски – Папиро, највозрасниот активен скијач во Битола и пошироко, со родендска торта и шампањ на ски-патеката „Ниже Поле“ вчера го прослави својот 88. роденден, објави ски-ценарот на својот Фејсбук профил.

„Со многу емоции и овации го одбележавме овој несекојдневен и исклучителен момент. Нижеполе изгледаше посебно, незаборавно и во полн роденденски сјај. За Димче годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.Неговата денешна роденденска забава ќе разубеди секого дека е престар за да направи нешто или пак дека во поодминати години нема да ужива во адреналинот“, напишаа тие.

Тие додаваат дека им претставувало огромна чест и задоволствоо што биле дел од славеничката атмосфера.

„Убаво е чувството кога ќе се споделат овековечени моменти со сведокот на историјата на скијалиштето Нижеполе. Му посакуваме секогаш да има весело расположение, добро здравје, сила да се спротивстави на тешкотиите и уште долго да го гледаме на скијачките терени“, стои во нивната објава на Фејсбук.

[/video]

Фото и видео: фејсбук страна на Ски центар „Нижеполе“

Scroll to Top