Боби Андонов има нова песна

Поп-пејачот Боби Андонов деновиве ја промовира својата нова песна Apartment. Песната веќе се најде на Spotify на деветто место на американската топ-50 листа за оваа недела.

Боби, чии родители потекнуваат од Македонија, е роден во Австралија, каде што живее и работи. На 15-годишна возраст тој ја претставуваше Македонија на Детска евровизија во Кипар во 2008 година. Се натпреваруваше во австралиското шоу „Јас имам талент“ и стигна до финалето. Музички идоли му се Принц, Џорџ Мајкл и Теренс Трент Дарби.

Scroll to Top