Браќата Заеви со жените на романтика во Солун

Премиерот Зоран Заев уште пред празниците најави дека Нова година ќе ја пречека во Солун, но не откри повеќе детали. Сепак, Славица, сопругата на брат му Вице, на својот фејсбук-профил објави семејна фотографија од пречекот на Нова година во еден елитен ресторан во Солун, на која се премиерот со сопругата Зорица и брат му Вице со жена му Славица. На фотографијата се и соработници на Заев и нивни пријатели.

Претходно Заев се сретна со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. Медиумите во Македонија и Грција ја проследија средбата со голем интерес, но двајцата политичари изјавија дека тоа била вечера меѓу дамнешни пријатели и дека воопшто не се разговарало за политика.

 

Scroll to Top