„Да издржиме барем уште четири години во брак“, Борко и Николина прославија годишнина брак

Голманот на Вардар, Борко Ристовски, и неговата сопруга Николина вторпат годинава слават годишнина од брак.
Откако минатиот месец го прославија денот кога правеа свадба, овој пат Николина преку „Фејсбук“ откри дека Борко се пошегувал за да ѝ го честита денот кога се венчаа во матично.

„Три години брак. Една многу луда вожња. Издржавме мушки. Борко ми честита сабајле, „срце мое, среќна годишнина, да издржиме уште 4 бар“. Тоа е тоа. Среќна нека ни е, те сакам“, напиша Николина на „Фејсбук“.

Николина и Борко се венчаа 2017 година, а на прославата им беа само најблиските, пријателите и семејствата. Едиенаесет месеци подоцна, ноќта пред Бадник, направија голема свадба со многу гости во познат скопски хотел.

Борко и Николина прославија двегодишнина од брак

Scroll to Top