Дечкото на Антонија Гиговска објави колку ја сака, па дури и дека животот сака да го помине со неа

Антонија Гиговска вчера наполни 20 години. Нејзиниот дечко, пејачот Иван Јованов, од „Либеро бенд“, со посебна порака ѝ го честита роденденот. Иван објави фотографија од нив двајца и под неа напиша: „Сакам да го поминам мојот живот сакајќи те. Среќен роденден, моја сродна душо“.

Бидејќи нема прослави, парот со најблиските пријатели славеше во домашна атмосфера.

Нејзините профили на социјалните мрежи се преполни со честитки и убави желби за роденденот од нејзините колешки – пејачките Лина Пејовска и Мартија Станојковиќ, како и нејзината колешка од натпреварувањето, Теодора Марковиќ.

 

   

    

 

Scroll to Top