Шведскиот фудбалер со македоски корени Дејан Кулушевски ја освои наградата Златна топка за најдобар шведски фудбалер за 2022 година. Играчот на Тотенхем со 22 години стана најмладиот кој ја освои наградата по легендарниот Томас Бролин во 1990 година.
„Целата година помина фантастично. Во Тотенхем се вратив во живот. Си ја вратив гладта и љубовта за фудбалот. Чувствувам дека се подобрувам и ми е забавно кога сум на теренот“, рече Кулушевски.
Напаѓачот во јануари од Јувентус замина во Тотенхем и оттогаш во Премиер лигата одигра 28 натпревари, даде шест гола и асистираше 13 пати.
Во репрезентацијата на Шведска не беше толку усшешен. Не се пласираше на Мундијалот во Катар откако загубија од Полска во финалниот бараж во март. Годинава за репрезентацијата играше на седум натпревари, даде еден гол и три асистенции.