Џенифер Анистон последните 80 долари ги потрошила за аудиција на „Пријатели“

Американската актерка и продуцент Џенифер Анистон (51) имала само 80 долари на сметката и речиси се откажала од својата актерска кариера, пред да ја добие улогата на својот живот во серијата „Пријатели“, со која се прослави и стана холивудска ѕвезда.

Џенифер денес е една од најплатените актерки во Холивуд, а некогаш преживувала благодарение на тоа што работела како келнерка и продавачка на сладолед.

Како 25-годишна девојка во 1994 година одлучила да оди на аудиција за улогата на Рејчел Грин, која ја доби и потоа животот ѝ се промени.

Своите последни 80 долари ги потрошила на сетот фотографии со кои се пријавила на аудицијата за серијата, а по добиената улога се стекнала со милиони долари.

– Бев келнерка две и пол години, а работев и како продавачка на сладолед. Одев на бројни аудиции, но ништо не ми одеше од рака – откри Џенифер.

Нејзиното богатство денес се проценува на 300 милиони долари, таа на почетокот на снимањето на серијата добивала по 20.000 долари по епизода, а до крајот на 10-та сезона заработувала по еден милион долари по епизода.

16 години по завршувањето на снимањето, Џенифер и нејзините колеги и денес заработуваат околу 20 милиони долари од репризирањето на серијата ширум светот поради авторските права.

Да се потсетиме, со влегувањето во холивудскиот свет, таа го запозна и се омажи за еден од најпопуларните актери во светот Бред Пит (56) со кого беше во брак од 2000 до 2005 година, а обожавателите и денес навиваат поранешниот златен пар повторно да биде заедно.

Scroll to Top