Џесика Палашоска : „Една е Македонија” ја одбележа 2017-та

Македонската фолкерка, Џесика Палашоска за наредната година најави дека има во план да направи голем проект, а згуснат ќе и биде и деловниот календар, со големиот број на турнеи кои ќе ги има надвор од Македонија.

Пејчката која вели дека изминатиов период имала голем број на ангажмани, сепак годинава ќе ја памети пи хитот „Една е Македонија“.

-2017-та беше една од најдобрите можам да кажам, најдобро поминати, доста ангажмани. Така и ми започна со турнеја прво Канада Австралија, потоа Швајцарија, Италија и така натаму доста турнеи имав оваа година, многу работно, нови песни. “Една е Македонија”, песната што мислам дека ја одбележи оваа година. Годинава помина доста работно, па се надевам дека ќе ми се повтори и во нареднава година.-вели Палашоска.

Џесика откри дека сеуште нема одредено каде ќе настапува за Новогодишната ноќ, но откри дека тоа сигурно ќе биде некаде во Македонија.

Пејачката со цел да не ја остави публиката да се чувствува запоставено, таа една година пее надвор од Македонија, а една останува дома.

-Спремам нешто доста големо за 2018-та морам да откријам, криев, криев меѓутоа морам да откријам. Се работи за поголем проект, секако дека и ИН ТВ ќе биде вклучена во тоа. Имам закажани настапи за март, мислам дека ќе бидам Германија, Швајцарија.-додава фолкерката.

Таа вели дека и летниот период ќе биде со голем број ангажмани, а веќе има и преговори за неколку турнеи преку океаните.

Scroll to Top