Бардот на македонското глумиште Димче Мешковски (77) по четири години од САД си дојде во Македонија. Дека е тука по долго време откри Дац, кој објави слика од дружбата во кафеана на која беа и режисерот Коле Ангеловски, и актерките Катерина Крстевска и Билјана Драгичевиќ-Пројковска.
„Мешко ни дојде од Америка“, напиша Дац, па ја расположи јавноста, која одамна го нема видено Мешковски.
„Каква екипа“, „Ах, да можев да ви ги слушнам муабетите“, „Легенди на едно место“, се дел од коментарите на јавноста.
Еден од најпопуларните македонски актери одамна е во пензија и долги години живее во САД. Тој ги има ќерките Наташа и Јасна, кои се познати пливачки.