Две награди за Димитар Андоновски на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Пејачот и композитор Димитар Андоновски, освои две награди за музика на 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој доби признанија за музиката што ја напиша за претставите „На отворено“ од театар „Комедија“ и „Пиреј“ на Прилепскиот театар.

„Среќен сум што добив награда на македонскиот театарски фестивал ‘Војдан Чернодрински’, најголемото признание во светот на театарот кај нас. Награден сум за двете претстави на кои работев годинава – ‘На отворено’ во соработка со Театар Комедија, во режија на Андреј Цветановки и „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во соработка со Прилепски театар. Мора да признаам дека сум многу среќен, ова ми е една од најдрагите награди“, рече Димитар за „Репортер“.

Андоновски вели дека ништо ова не би било можно без неговиот долгогодишен пријател и соработник, Андреј Цветановски, првиот човек што му дал можност да прави музика за театар.

„Соработката ја почнавме со претставата ‘Крал Иби’, во театарот ‘Џинот’ во Велес. До денес имам работено музика за над 20 претстави во скоро сите национални интитуции, а работев и интернационални проекти – ‘Жени од подемјето’ како дел од македонско-грчката соработка и претставата ‘Хасанагица’ за театарот во Пирот, Србија, двете во режија на Цветановски“, додава Димитар.

(А.Ј)

 

Scroll to Top