Една година од смртта на Вања Лазарова

На 12 март 2017 година, на 86-годишна возраст, во Скопје, почина Вања Лазарова Димитрова. Оваа музичка легенда ги испеа „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Со маки сум се родила“. Тие се само дел од многуте македонски изворни народни песни што таа ги испеа во текот на својот живот.

Вања Лазарова работеше во Операта при МНТ, а беше дел и од Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Одржа голем број концерти на повеќе континенти, а пееше и во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил.

Нејзината музика во соработката со групата „Анастасија“ се најде во филмот „Пред дождот“ кој во 1994 година освои „Златен лав“ во Венеција.

Вања Лазарова беше родена на 27 април 1930 во село Страцин, Кратовско.

Scroll to Top