Скопје ќе биде дел од најголемата македонско-бугарска фестивалска турнеја „Една љубов“, настан што ќе се одржи на 30 септември на скопското Сајмиште. Организаторите најавуваат одличен настан со најпознатите аренби и хип-хоп изведувачи, како: Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Тони Зен, Апсурт и македонскиот хип-хоп диџеј Гоце САФ.
Концертот во Скопје ќе биде претпоследен за оваа турнеја на дружината, која летово настапи во Банско, Струмица, Охрид, Сончев Брег, Варна и во Пловдив, а последната станица е Бугарија, каде што ќе настапат на 7 октомври.
Влезниците за концертот во Скопје се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „МК тикетс“ по цена од 400 денари.