Емилија Розман дипломата ја посвети на починатиот татко

Поранешната мис на  Македонија на својот фејсбук-профил објави дека и официјално е дипломиран дефектолог. Таа овој свој личен успех го посвети на својот татко Дамир, кој почина пред околу еден месец.

„ЗА ТЕБЕ ТАТО. Дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија, односно специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет. Се надевам дека гледаш од некаде и се смееш. Те сакам“, напиша Емилија под фотографијата.

Таа доби бројни честитки и желби за успеси од своите пријатели.

Scroll to Top