Ерик Фокс ја запозна Ева Херцигова

Еден од најпознатите македонски диџеи, Ерик Фокс, на својот фејсбук-профил објави слика со светскиот топ-модел Ева Херцигова. Фотографијата е сликана во Париз, пред 23 години.

„Сеќавања. МТВ музички награди во Париз, 1995 година“, напиша Ерик на фотката.

Ерик доби пофалби што успеал да се слика со светската манекенка, но и коментари дека изгледа непрепознатливо со црна коса и многу помлад од сега.

Ерик, диџејот од „Антена 5“ радио, пред неколку години ги основаше „Саунд месинџерс“ и секој викенд настапува низ Македонија заедно со поп-пејачката Симона Поповска.

Херцигова, пак, е еден од најпознатите топ-модели во 1990те години. Чешката манекенка ја градеше кариерата заедно со Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Линда Евангелиста. Таа беше едно од првите заштитни лица на „Викторијас Сикрет“.

Scroll to Top