„Еширихија Коли“ се појави кај фонтаната во парк

Во утринските часови во градскиот парк кај фонтаната ,,Лотос” имаше уште една од повеќето предвидени герили акции од уметникот Озбек Ајваз. Овој пат тој преку скулптура, визуелно ја претставува бактеријата Ешерихија Коли.

„Проширувањето на Бактеријата „Ешерихија Коли„ поради недостатокот на јавни тоалети во Скопје, како метропола на оваа држава, претставува сериозна здравствена опасност“, велат активистите.

Ешерихија Коли, е патогена бактерија која се наоѓа во долниот дел на човековиот дигестивен тракт, и не смее да дојде во горниот дигестивен тракт (желудник, хранопровод, тенки црева) бидејќи во тој случај таа може да предизвика сериозни гастроинтестинални инфекции кај луѓето.

Со недостатокот на јавни тоалети, граѓаните се ставени во неудобни ситуации бидејќи не можат да одржат адекватна хигиена, што зголемува ризик од заболувања што се пренесуваат преку контакт, како што е наведената бактерија. За да се намали овој ризик и да се обезбеди подобра хигиена и здравје за граѓаните, неопходно е да се инвестира во изградба и одржување на доволен број на јавни тоалети ширум градот. Освен тоа, потребни се и стратегии за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на хигиената и користењето на јавните тоалети.

Scroll to Top