Есма Реџепова и „Македонско девојче“ во репортажата на Реал Мадрид ТВ за Македонија

Репортажата на телевизискиот канал на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“ започнува со претставување на центарот на Скопје, а во позадина оди нашата традиционална песна „Македонско девојче“.

Во продолжението на репортажата гледачите ќе се запознаат со нашата култура и обичаи, но и ќе се потсетат на голем хит од непрежалената кралица на ромската музика, Есма Реџепова.

Супер купот ги донесе најголемите фудбалски ѕвезди во Скопје, а директниот пренос од нашата земја се пренесуваше на 260 телевизиски канали.

Во продолжение е првиот дел од репортажата, а малку подоле и вториот дел кој задолжително мора да го погледнете.

Вториот дел започнува од скопското кале, продолжува со дегустирање „боза“ низ старата скопска чаршија за на крај да заврши пред градскиот стадион „Филип Втори“.

Scroll to Top