Фани Христова на јога во Тајланд

Поп-пејачката и диџеј Фани Христова повторно е на Тајланд. Таа замина на почетоков на месецот, за да се запише на повисок степен на јога, на тамошниот Универзитет, каде лани во март дипломраше. Вели, дека јогата е идеалн начин да воспостави баланс на телото и душата, и дека токму тоа и доаѓа како мелем на душата, од работните обврски.

„Мојата работа е стресна, секоја вечер пуштам музика во некој клуб, и навистина јогата е онаа која ме смирува. Го сакам животот тука“, вели Фани, и додава дека по враќањето планира да отвори студио и на своите идни ученици да им понуди комплетен јога систем на теорија и пракса. (А.Г.)

Scroll to Top