Филип Божиновски и Давид Темелков снимаат дует?

Давид Темелков деновиве престојува во Македонија и своето слободно време го искористи за да се дружи со другарот и колега Филип Божиновски.

Фотографијата која ја објави Филип и над неа напиша музички ноти навестува можна соработка во иднина, па одлучивме да дознаеме од прва рака.

– Со Давид се дружиме уште од средно. Сме разговарале за дует, но чекаме да се договорат нашите продукции бидејќи јас сум во Гранд, а Давид е во Хит. Можеби наскоро ќе ве изненадиме, вели Божиновски.

Scroll to Top