Ракометарот Филип Талески неодамна стана татко. Веста за раѓањето на ќерката Софиа ја сподели преку фотографија на социјалните мрежи, откако објави слика од патиките со кои ќе игра на ова Светско првенство, а на кои стои нејзиното име. Ракометарот, кој ретко го споделува приватниот живот во јавноста, лани летото се ожени со Ена, Македонка што живее во Германија, а која ја запозна кога почна да игра за германскиот клуб „Рајн Некар“. Ова е нивно прво дете.
Филип со македонската репрезентација од пред неколку дена е во Германија и на ова Светско првенство ќе игра во патиките што за него ги наслика Сатја Грабулоски. Освен името на ќерката, на нив е нацртан и неговиот лик, а напишано е и името на неговата сопруга, Ена. По завршувањето на првенството, Талески патиките ќе ги даде на аукција, а парите од продажбата ќе ги донира во хуманитарни цели.
(А.Ј)