(Фото) Андреј и Панчо донираа храна за Александра од Велес, а на син ѝ Никола му подарија копачки и топка

Андреј и Панчо од „ДНК“, вчера ги посетија Александра и нејзиниот син Никола од Велес. Тие им однесоа пакети со храна и намирници и побараа секој кој може да помогне, да се вклучи во оваа хуманата мисија.

Кога слушанале за нејзиниот апел за помош, тие одма ја контактирале Александра. На син ѝ Никола кој рече дека кога ќе порасне сакал да стане фудбалер, му подарија копачки и топка.

„Купивме фудбалска топка и копачки за Никола бидејќи мајка му ни кажа дека обожавал фудбал, па кога му ги дадовме, толку многу се израдува што веднаш ги облече, ја зема топката и отиде да игра фудбал со другарчињата“, рекоа Андреј и Панчо.

Ова не првпат пејачите да се впушат во ваква хумана мисија. Претходно тие му помогнаа и на семејство од Светиниколско кое живееше во трошна куќа со три деца.

Scroll to Top