(Фото) Бојана Скендеровски ја покажа ќерка си

Поранешната пејачка, а сега водителка Бојана Скендеровски пред седум месеци ја роди ќерката Искра. Таа ја криеше Искра од јавноста, но деновиве објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи.

„Јас и мојата љубов“, напиша Бојана на сликата.

Јавноста ја запозна Бојана како тинејџерка, кога во 2003 година се појави на музичкото натпреварување „М2 – потрага по ѕвезда“ и ја пееше песната „Живеј со прашањето“. Сними два албума, а потоа се повлече од музиката. Пред неколку години почна да ја води емисијата „Улица Македонија“.

Scroll to Top