Вицепремиерот задолжен за европски интеграции на Македонија, Бујар Османи, објави на „Твитер“ дека сака нов модерен паметен телефон како на својот грчки колега Коѕијас.
Османи вели дека таков телефон му е потребен за да не ги внесува белешките од нивната следна средба во обичен нотес. На тој начин, според Османи, ќе сме ги придвижеле европските вредности и стандарди.
Ваквиот потег на Османи од неколкумина беше проследен со потсмев, а кај некои предизвика негативни коментари.
w/ @NikosKotzias setting for our next meeting. Me with my notebook and he with his smartphone. It’s another proof that we urgently need to progress towards EU values and standards. pic.twitter.com/XU24B4MsHO
— Bujar Osmani (@Bujar_O) 13 November 2017