(Фото) Џамбо Агушев стана татко, трето дете на најпознатиот трубач

Кралот на трубата, Џамбо Агушев, денеска третпат стана татко. Неговата сопруга Асена ја роди ќерката Мелинам, а тој се пофали на социјалните мрежи и објави слика од девојчето. Џамбо и Асена ја криеја нејзината бременост од јавноста. Мајката и бебето се чувствуваат добро.

„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добре дојде во нашето семејство, моја убава ќерко“, напиша Џамбо.

Џамбо и Асена се во брак десет години. Тие веќе ги имаат ќерката Севги и синот Мерт. Во интервју за „Репортер“, Џамбо неодамна раскажа дека со Асена се запознале на негов концерт во Германија и дека по неколку месеци врска на далечина и заеднички патувања, се венчале.

„Таа е љубоморна, ама јас сум пољубоморен од неа“, рече тогаш Џамбо.

Scroll to Top