(Фото) Додека Грујо го чекаат да се појави во Шутка, на интернет кружи слика од неговата свадба

Додека го чекаат Никола Груевски да се појави во затворот Шутка за да ја издржува 2-годишната казна за случајот „Тенк“, на социјалните мрежи кружи стара фотографија од неговата свадбата со Боркица. Експремиерот и Боркица се венчаа на 10 мај 2007 година. Тие се венчаа во Соборниот храм во Скопје. Невестата, која во тоа време имаше 24 години, носеше венчаница од Зијане од италијанска чипка со корсет без ракави и каиш со сини циркони. Никола беше облечен во елегентен црн костум.

Боркица е втора жена на поранешниот премиер. Тие имаат две ќерки, Софија и Анастасија. Груевски претходно четири години беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Со неа беше женет додека тој беше министер за финансии.

За потсетување, иако Боркица често го придружуваше сопругот на јавни настани и патувања, таа пред неколку месеци не дојде на Економскиот факултет во Скопје каде што тој ја бранеше магистратурата.

Боркица не му дојде на Груевски  

Scroll to Top