Поп-пејачката Елена Ристеска минатиот викенд заедно со дуото ДНК настапи во дискотеката „Палма“ во Берн, Швајцарија. Елена на настапот дојде облечена во кус сребрен фустан и високи чизми, а фотографии од стајлингот сподели на своите профили на социјалните мрежи. Нејзините следбеници не штедеа комплименти, па ја споредија со светската ѕвезда Џенифер Лопез.
„Диско кралица“, „Моја принцеза“, „Секси Македонка“ се само дел од коментарите што Елена ги доби за својот изглед.
Пејачката долго време не настапуваше во Македонија, но неодамна повторно почна свирки во живо со својот бенд. Андреј и Панчо од ДНК и Александар Тарабунов ѝ беа специјални гости.