(Фото) Елена маскирана како Касандра се потсети на првата средба со Драган Вучиќ

Откако вчера почина музичарот и водител Драган Вучиќ, пријателите и соработниците со неверување ја прифатија веста за неговата смрт. Многу од нив раскажаа приказни за Драган, а меѓу нив беше и пејачката Елена Ристеска. Таа објави слика од нивната прва средба, пред 22 години, а на која е маскирана како Касандра.

„Ова е 1998 година, уште не бев почната со кариера, имаше во склоп на ‘Сител бамбини’, избор на најдобра маска, јас бев Касандра. И ете слика со Драган. Сè уште сум во шок. Сочувство до семејството, посебно до Мартин. Загуба на родител – какво е чувството не се објаснува“ напиша таа.

За потсетување, Драган Вучиќ почина вчера од коронавирис на инфективната клиника во Скопје. Таму се лекувал една недела, по што нагло му се влошила состојбата. Позитивна на Ковид-19 е и неговата сопруга Весна.

Погребот на Драган ќе се одржи денес на градските гробишта во Скопје.

Почина Драган Вучиќ

 

Scroll to Top