(Фото) Елена Миленковска го покажа синот Максим

Пејачката од „Гранд“ Елена Миленковска објави фотографија со синот Максим. Таа и нејзиниот сопруг Александар Маринковиќ-Гуте пред повеќе од еден месец станаа родители.

„Веќе поминаа 40 дена. Секогаш се прашував како времето лета кога луѓето се среќни, радосни, полни со љубов. Те чекав цел мој живот, фантазирав за твоите очи и најубавата насмевка на светот.  Кога првпат ми се насмеа застана целиот свет. Чудесна насмевка, така ја нареков. Насмевка која ги лекува мојата душа, моето тело и срце. Насмевка која ми дава сила. Насмевка која ме мотивира. Ти благодарам што нè одбра нас да ти бидеме родители“, напиша Елена.

Елена се породи во Белград, а Гуте тогаш за „Репортер“ кажа дека породувањето минало во најдобар ред и дека тој веднаш направил забава со српски адети и со неколку блиски пријатели.

„Според обичаите, гостите ми ја искинаа маицата“, ни кажа Гуте.

„Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“

 

 

Scroll to Top