Во едноставен црвен фустан искомбиниран со црни штикли , вчеравечер во Прилеп, специјалнта јавна обвинителка Фатиме Фетаи повторно привлече внимание. Таа беше во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп, каде во домот за култура „Марко Цепенков“ одбележа 55 години постоење од скулпторскиот симпозиум во мермер. Но, оние кои се разбираат од значењето на боите, на социјалните мрежи коментираа, дека црвената боја, за која овој пат се решила обвинителката, покрај тоа што означува борбеност и моќ е и боја и на љубовата. Па на шега, пишуваа „Фатиме пак се вљуби во сопругот“. Според психологијата, црвената боја ја симболизира љубовта.
„ Сите ние без оглед на националноста, цртаме срце кое е знак на љубов исекогаш го сликаме во црвено. Се разбира, со исклучок на еколошките организации кои го сликаат срцето во зелено. Во земјите на Далечниот Исток, на пример, во Индија, црвената боја е бојата на свадбата: невестата става црвена сари, користи свадбени атрибути црвени нијанси и така натаму“, сметаат психолозите.