Пејачите од „Гранд“, Елена Миленковска и Александар Гуте Маринковиќ, наскоро ќе станат родители. Елена, која е во деветти месец, вели дека сè е спремно за раѓањето на синот Максим. Таа објави видео на Инстаграм и го пофали Гуте дека ја искречил собата на бебето.
„Сега само уште тебе те чекаме“, напиша таа.
Двајцата пејачи често објавуваат приватни слики на социјалните мрежи. Тие со своите фанови споделуваат сè, па преку Инстаграм открија дека Елена е бремена, а потоа и полот и името на бебето. Неодамна во интервју за „Репортер“ раскажаа за тоа како дознале дека ќе станат родители, каква им била првата реакција, но и за тоа како Гуте ја побарал Елена за жена.
За потсетување, пејачите кои се запознаа лани на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, се верија по четири месеци врска. Тие на почетокот на годината направија голема свадба во Скопје. На свадбата дојдоа многу нивни колеги од „Гранд“, а Гуте призна дека учел да пее македонски песни заради Елена.
„Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“