Популарниот пијанист со светска кариера, Симон Трпечвски, вчера со своето друштво предпразнично се забавуваше во една скопска кафеана. Расположен, со пријателите, Симон, не изджа, па ја повика музиката да им засвири на маса.
Се редеа нарачки на песни, за почеток, од реканскиот крај. Се отвори Симон на популарната мијачка песна “Река гази малој моме“, но расположението на друштвото продолжи во ритамот на Харис Џиновиќ, ама и на „Тинке Катинке“ на Ефто Пупиновски. Доволно, за маестро да стане од столчето и да се забваува во ритамот на музиката.