(Фото) Исаура од „Преспав“ се разладува на Матка

By

Легната покрај реката Треска, гумицата Емра Куртишова напиша дека ужива на сонцето. Популарната Исаура од „Преспав“ неодамна беше на Матка со пријатели, а сега објави фотогарфија  на Инстаграм и ги собра симпатиите на фановите. „Прекрасна си“, стои во коментарите.

Емра, која веќе неколку години глуми во Театарот за деца и младинци во Скопје, ретко објавува фотографии на социјалните мрежи. Таа неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа дека ја засакала глумата поради нејзината другарка од детството, а дека во ликот на Исаура се заљубила веднаш.

„Во Исура се крие тоа што ние Ромите си го носиме во нас, еве на пример, таа е гатачка, полесен начин да заработи пари. Иако многу работи не ми се допаѓаат кај Исаура, таа е сепак забавен лик и јас уживам кога ја играм. Таа си ги знае своите права како Ромка, токму тоа го користи како оружје, па не дај боже да ѝ згрешиш, веднаш се заканува со тужба во Стразбур“, ни раскажа тогаш Емра.

“Многу работи не ми се допаѓаат кај Исаура“, искрено со актерката Емра Куртишова

Ќе ви се допадне