Актерката Весна Петрушевска и поп-пејачката Каролина Гочева вчера се дружеа на концертот на „Ту челос“ во Скопје. Друштво им правеше и сопругата на Бобан Милошески од „Авалон“ и уште неколку нивни пријателки. Двете уште во текот на концертот објавија заедничка селфи-фотографија, а потоа и неколку видеа. „Другарки на концерт“ напиша Весна покрај сликата.
Весна и Каролина се пријателки повеќе од 15 години. Тие често излегуваат заедно, а се дружат на скоро секој концерт што го организира „Авалон продукција“.