Поп-пејачката Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин, уживаат во медениот месец. Тие во моментов се во Лос Анџелес, Калифорнија. Иако и двајцата не сакаат да ја делат приватноста со јавноста, повремено објавуваат фотографии од патувањето, а последните слики се од Абот Кини, кварт на уметниците во Лос Анџелес.
Каролина и Михаил за прошетката низ Лос Анџелес одбрале исти еспадрили. Облечена во црна блуза и маслинеста куса сукња со црна тантела, Каролина изгледа одлично. А и Михаил со својот стил потполно се вклопил во уметничкото окружување.
Каролина и Михаил медениот месец го започнаа во Канада, каде што смрзнуваа на преку -20 степени, а потоа заминаа во Мексико, и поминаа неколку дена на плажа во местото Тулум.
Според најавата, по враќањето во Македонија, Каролина ќе го промовира својот нов албум.