Катарина Ивановска замина за Барселона. Таа веќе неколку дена таму ужива со сопругот Цобе и синот Вања. Дека убаво поминуваат, познатиот модел потврди со објавување неколку фотографии на својот инстаграм-профил.
Од тоа како се шета со синот до храната во еден ресторан. Моделот реши на ова патување да го прекрши режимот на исхрана, па со пршута, кулен, сирење и вино ужива во Шпанија.
Неодамна таа се врати повторно на работа, кога снимаше фотосесија во Грција, а во интервју за „Репортер“ изјави дека нема да ѝ биде проблем кога ќе оди на снимање надвор од Скопје да отпатува заедно со синот Вања и сопругот Цобе.