(Фото) Љупка гола ја убива тагата

Модната блогерка Љупка Митрова на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии на кои боса и полугола шета по штотуку раззеленето поле. Таа покрај фотографиите напиша: „Не те прават лоша личност начините на кои се обидуваш да си ја убиеш тагата“.

Веднаш доби коментари дека е „кул“, „совршена“, „жешка“. Но, меѓу коментарите имаше и срце од нејзиното момче Дарко Спејко, кој многу често ја слика Љупка на сите нивни патувања и прошетки.

Неодамна тие беа во Грција, каде што го прославија 30. роденден на победникот на реалното шоу „Големиот брат“.

Scroll to Top