Ристе Ристевски, македонската гордост која со гласовите на публиката победи на “Ѕвездите на Гранд”, откри дека му се допаѓа неговата колешка Јована Васиќ, која исто така учествуваше во шоуто.
– Од сите девојки тука најмногу ми се доапаѓа Јована, изјавил Ристе за српските медиуми.
Неколку парови ги започнаа врските во Гранд, меѓу кои и Радмила Манојловиќ и Харис Берковиќ, Ана Шевиќ и Дарко Лазиќ кои се венчаа, Николина Ковач со Саша Капор и други.
Инаку, Ристе победи со гласовите на публиката, и доби статуетка, автомобил и две песни за стартот на музичката кариера.
[URIS id=357710]