Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ секојдневно споделува фотографии од приватниот живот на своите профили на социјалните мрежи. На последните, облечена во куси панталони и високи чизми, позира покрај „мерцедес“ на еден од скопските булевари.
Мелита од следбениците на „Инстаграм“ доби комплименити дека е згодна и секси, ама твитерџиите ја исмеаја. Тие напишаа дека Мелита повторно претерала со фотошоп и дека изгледа како карикатура. Овој пат, коментираат дека толку многу ги издолжила нозете, што колената ѝ изгледаат неприродно, како да споила две колена во едно, велат тие.