Со фотографија на која пејачката Каролина Гочева гледа како маѓепсано во сликата на својот сопруг, уметникот Михаил Корубин откри дека едно негово дело е изложено на годишната групна изложба што ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложбата што се отвори вчера во „Мала станица“ го привлече вниманието на јавноста откако и Михаил и неговата сопруга објавија фотографии од отворањето.
„Мојот триптих. Масло на платно, модерна уметност и креативна империја“, напиша Михаил на фотографијата.
Михаил доби многу пофалби за сликата составена од три дела, а некои напишаа дека Каролина е како маѓепсана пред сликата на сопругот. Меѓу оние на кои им се бендиса сликата на Корубин беа Калиопи и Весна Бејби Петрушевска, кои не штедеа комплименти.