(Фото) И на Каролина ѝ преседна

Поп-пејачката Каролина Гочева од лани музички не е активна. Откога почна пандемијата, таа нема настапи, концерти, снимања. Освен едно-две снимања во МОБ, поп-ѕвездата како и другите музичари, го живее периодот на пандмијата. Дека ѝ е преку глава од сѐ, коментираат и фановите откога таа објави црно-бела фотографија под која напиша: Денов, месецов, годинава…“ По ова, следуваа и коментари од фановите, кои ѝ пишуваа дека им недостигаат нејзините концерт и настапи.

Не ретко Каролина на „Инстаграм“ споделува приказни од своите настапи. Летово објави и неколку фотографии од летување со сопругот Михаил, а често времето го поминува и во Битола со внуките Луција и Инес. 

Scroll to Top